Гугл очила за полесна социјализација на децата со аутизам

Од:

Децата со аутизам ќе можат полесно да ги распознаваат изразите на лицата и емоциите на другите луѓе и да се социјализираат, со помош на Гугл очила кои се поврзуваат со апликација на паметен телефон.

„Супермоќните очила” всушност служат како „преведувач“, а апликацијата со помош на вештачка интелигенција на детето му нуди повратна информација која му помага да ги следи емоциите на лицата и да ги разликува. И, сè тоа со помош на емотикони коишто отсликуваат среќа, лутење, страв, изненаденост…

– Изразите на лицата се комплексни, динамични, единствени. Емотиконите се многу поедноставни. Затоа, сè ова има смисла оти лицето со аутизам полесно ги разбира емотиконите, објаснува Џералдин Досон од Дјук центарот за аутизам и развој на мозокот во Дурам, Северна Каролина, САД.

Децата со аутизам најчесто имаат проблем да одговорат на туѓите емоции и однесување. Со системот, апликацијата веднаш им дава повратна информација и помага во јакнење на нивните социјални вештини.

По шест седмици експериментално користење четирипати по дваесет минути седмично, децата имале подобри резултати на тестовите за социјализација, комуникација и однос во група од 31 дете ставено на стандардна грижа за аутизам.

– Со супермоќните очила, децата се учат да се впуштаат во друштвените активности, дека луѓето се интересни и да можат да разберат што нивните лица говорат. Тоа е важно оти поттикнува на дружење и детето сфаќа дека и тоа може така, смета одговорниот за истражувањето, Денис Вол од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Апликацијата потоа ќе може податоците од друштвените активности да им ги пренесат на родителите, така што тие се во тек со сè.

Би можело да ве интересира

Мехмедовиќ: Не постои релевантен доказ дека вакцини предизвикуваат аутизам

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on

Зоран Мијалков поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам против вевчанецот Србаковски

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Соучениците издлабиле свастика на тинејџер со аутизам: „Такво нешто не сме виделе со децении“

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска