ЖИВО: Полицијата влезе во РТС и ги извлекува демонстрантите еден по еден

Од:

Откако министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ побара од демонстрантите да ја напуштат зградата на РТС, и тоа не се случи, полицајци влегоа во јавниот сервис и почнаа да ги вадат демонстрантите еден по еден.

-Очигледно на собирот на Сојузот за Србија на кој денеска имаше 1400 луѓе беше забележлива тенденцијата на опаѓање на бројот на луѓе, што предизвика нервоза кај сидерот на СзС па преминаа во насилство. Насилство се случи и тоа во лош облик, рече Стефановиќ.

Како што кажа лидерите на СзС ги воделе демонстрантите кои го демолираа влезот на РТС, влегоа во зградата и им се закнуваа на новинарите.

Министерот кажа дека секое собирање е дозволено, но не смее да има застрашувања, закани, кршење, напади на новинари.

Порача дека државата ќе одговори и секој што незаконски влегол во РТС кривично ќе одговара.

Дел од демонстрантите кои упаднаа во зградата на државната телевизија РТС ги удирале полициските службеници кои не реагирале.

Во телевизијата влегол и лидерот и еден од основачите на опозицискот блок „Сојуз за Србија“, Драган Ѓилас кој бараше да биде вклучен во живо на вестите на РТС.

Би можело да ве интересира

Дојава за бомба во РТС

Екипа на РТС нападната во Земун: Снимаа анкета, а потоа се појави напаѓач со шише во рака

24 години од НАТО бомбардирањето на РТС-Зошто?

ВИДЕО: Дојава за бомба ја евакуира српската државна телевизија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Демонстрант го покажа задникот пред камерата на РТС

А1он

Обрадовиќ: Упадот во РТС не беше планиран, туку спонтан