Демонстрнтите кои упаднаа во РТС одбиваат да ги напуштат просториите се додека не им се дозволи да се обратат на централниот дневник на јавниот сервис.
Групата демонстранти предводена е од Бошко Обрадовиќ и Драган Ѓилас кои тврдат дека не примениле сила при влезот во телевизијата. Спротивно од нив, врработени од РТС тврдат дека мавале со камења, ги искршиле стаклата на РТС иако вратата била отворена и немало полиција пред неа.