Брисел очекува одговори од Хрватска за наводите за насилство врз мигранти

Од:

Европската комисија се огласи за наводите на невладината организација Амнести Интернешанл (АИ) за наводно насилство на хрватската полиција врз мигрантите и бегалците, кои влегуваат на територија на Хрватска и очекува одговори за ова од властите во Загреб.

– Европската комисија е секогаш загрижена за наводи за злоставување на мигранти и бегалци и многу сериозно ги сфаќа наводите. Секакво насилство врз мигрантите е неприфатливо, изјави портпаролката на Еврокомисијата, Мина Андреева.

Таа нагласи дека Европската комисија е во постојан контакт со властите во Загреб за имплементација на заедничкиот европски систем за азил.

– Комисијата очекува од Хрватска набргу да одговори на овие наводи и ќе продолжи одблизу да ја следи состојбата, порача портпаролката.

Андреева меѓутоа не одговори на обвинувањата на АИ дека ЕУ е соучесник во полициската бруталност врз мигрантите, преку финансиската помош што и ја пружа нас Хрватска.

Брисел е свесен дека регионот се жали на зголемен миграциски притисок врз своите граници и уверува дека ЕУ има капацитет да одговори на предизвиците, преку итната финансиска помош која постои за вакви ситуации.

Европската комисија утре ќе ја одржи 81-та видео-конференција со властите на земјите долж балканската рута и ќе може да даде дополнителни информации за тоа дали и со каков притисок се соочуваат со земјите во контекст на миграциските текови.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб