Заглави обвинението за незаконската градба на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кривичниот суд во Скопје три и пол месеци го нема оценето вториот обвинителен акт за случајот на СЈО со кодно име „Талир“. Од судот за „А1он“ потврдија дека обвинителниот акт сè уште не е оценет.

Правните познавачи кои ги консултиравме посочија дека ова одолговлекување на оценувањето на обвинението е, меѓу другото, поради начелното правно мислење на Врховниот суд, според кое, СЈО е неовластен тужител во предметот „Талир“, бидејќи обвинeнието е поднесено по рокот определен со Законот.

Истрагата за овој предмет беше отворена во рокот од 18 месеци кој го имаше СЈО, но обвинението е поднесено по истекување на рокот поточно на 22 ноември 2018 година. Првото обвинение за „Талир“ беше оценето на 11 јануари.

Обвинението за изградбата на партиското седиште се однесува на начинот на кој што ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот вреден 8,2 милиони евра, а е поднесено против бегалецот Никола Груевски и ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.

СЈО тврди дека „Бетон“ не смеела да влезе во партнерство со ВМРО-ДПМНЕ за изградба на белата палата, бидејќи во 2011 и во 2012 година, кога почнал да се гради објектот, градежната компанија дури 75 отсто од приходите ги добила од државни тендери.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина