Јово Вангеловски ќе купува лимузина од 34 илјади евра за Врховниот суд

Од:

Набавка на едно патничко моторно возило за потребите на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Ова го пишува во огласот за јавна набавка на Врховниот суд објавен денеска. Проценета вредност на возилото без ДДВ е 2.118.644 денари или приближно 34 илјади евра без вклучен ДДВ.

Во техничките спецификации пишува дека се бара патничко моторно возило, лимузина, со 4 врати и 5 седишта на дизел, со зафатнина на моторот од 1950 кубни метри со стандард ЕУРО 6.

Возилото треба да има паркинг-сензори, алуминиумски бандажи со најмалку 17 инчен дијаметар, вграден патен компјутер, вграден систем за одржување на брзината. Гаранцијата за возилото е 2 години со 12-годишна заштита од корозија, а рокот за испорака е 90 дена. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

„Се работи за јавна набавка на возило за службени потреби на судот, а за замена на постојноато службено возило кое е старо 20-тина години, во моментов не го знам точниот податок колку е старо, и кое е целосно дотраено.

Техничките спецификации ги изготвува техничката служба, а во склад со потребните технички карактеристики и стандарди за службено возило и согласно одобрените средства за таа намена од Судско буџетскиот совет“, одговори за „А1он“, Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски на прашањата како е утврдена потребата за набавката на ова возило со посочените технички спецификации и кој ќе се вози во возилото.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

Врховниот суд утврди начелен став за директна примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права

Ана Ололовска

Врховен ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“

Ана Ололовска

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов

Арсиќ: Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд со кои се опфатени тројца судии

Ана Ололовска

Судијката Беса Адеми избрана за претседателка на Врховниот суд

Ана Ололовска