(ВИДЕО) Ангелов: Груевски го поставува командантот на УЧК за министер за одбрана

Од:

[staff name=”Предраг Петровиќ” position=”Автор”][/staff]Стојанче Ангелов, претседателот на Достоинство го повика премиерот Никола Грувески да ја прекине процедурата за именување на Талат Џафери за министер за одбрана, зашто тоа е големо понижување за македонскиот народ.

„Ова ги надмина сите граници на разумно однесување, Груевски покажа дека е кукавица и се затскрива сега зад министрите, како што се затскриваше зад одлуките на неговите пратеници.

– Вчерашната вест беше дека Владата го предложила Талат Џафери за министер за одбрана, а тоа не е вистина. Владата не предлага, предлага Претседателот на Владата. Никола груевски, лажниот патриот, го предложи Џафери за министер за одбрана, кој беше командант на 116 бригада на УЧК, и можеби е заслужен за смртта на луѓето на кои сега им поставуваме споменици.

– Премиере дали имате совест, не правете го ова на македонскиот народ, ве повикуваме да ја прекинете процедурата за Талат Џафери да стане министер, бидејќи командант на УЧК да биде министер кај нас созадава бес, нашите загинати браќа се превртуваат во гробот“, изјави Стојанче Ангелов, претседателот на Достоинство.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски