Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер сé уште има проблеми со тимот поради повредите и казните. Токму тоа го натера да ја пополни групата за натпреварот со ПСЖ во Лигата на Шампионите со многу играчи од младинската формација.
Реваншот во турнирот на богатите се игра утре на „Парк де Пренс“. Норвежанецот зеде со себе 20 фудбалери за Париз, а двајца треба да отпаднат во самиот пресрет на битката. Еден сигурно ќе биде третиот голман Ли Грант.
Од останатите 19 играчи, осуммина до неодамна настапуваа во Академијата на „црвените ѓаволи“. Тоа се Тахит Чонг, Џејмс Гарнер, Анхел Гомез, Мејсон Гринвуд, Скот МекТомини, Андреас Переира, Брендон Вилијамс и Маркус Рашфорд.
Поради повреди и казни Солскјер нема да може да ги користи Антони Марсијал, Џеси Лингард. Хуан Мата, Андер Ерера, Алексис Санчез и Пол Погба. Последниот е казнет заради црвен картон на „Олд Трафорд“ при поразот со 0:2 во првиот натпревар.
Еве ја групата на Јунајтед за мечот против ПСЖ:
Голмани: Давид де Хеа, Серхио Ромеро, Ли Грант;
Одбрана: Ерик Баји, Диого Далот, Виктор Линделоф, Маркос Рохо, Лук Шо, Крис Смолинг, Брендон Вилијамс, Ешли Јанг;
Среден ред: Фред, Џејмс Гарнер, Анхел Гомез, Скот МекТомини, Андреас Переира;
Напад: Тахит Чонг, Мејсон Гринвуд, Маркус Рашфорд, Ромелу Лукаку.