Специјална комисија ќе прави ревизија на сомнителните постапки за вработување

Од:

Агенцијата за администрација наскоро ќе воведе специјална комисија за ревизија на било која постапка за вработување за која постои сомневање, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

-Во комисијата ќе имаат право да учествуваат претставници на опозицијата и на владејачките партии, како и надворешни луѓе кои ќе бидат дополнителен механизам за контрола на ваквите ситуации, рече Манчевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека нема точна бројка колку од случаите кои од јавноста беа оценети како непотизам при вработувањето се повлекле од своите работните места и додаде дека се очекуваат и резултатите од постапката што ја спроведува Државната комисија за спречување на корупција.

-Процесот е во тек и секој ден ќе се зголемува бројот на лицата кои се повлекуваат, рече Манчевски.

Прашан до каде е процесот на прераспределување на вработените по Рамковен договор кои седат дома и земаат плата, Манчевски рече дека постапките за прераспределба се ставени во мирување од 8 февруари кога беа распишани претседателските избори.

-До 8 февруари кога падна забраната процесот се одвиваше со одредена динамика, а ќе продолжи веднаш откако ќе завршат претседателските избори, рече Манчевски и додаде дека се забранети и останатите избори и именувања се додека Државната изборна комисија не ги објави официјалните резултати од претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Левица: Непотизмот и кронизмот беснеат – ДКСК остануваат неми

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески

Врие во ЛДП: либералите се жалат дека додека партијата тоне, Милевски си ја вработува фамилијата, а тој обвинува за удбашка конструкција

Маја Илиевска-Пачемска

Николовски: Непотизмот во администрацијата постоел отсекогаш, Владата е одлучна да го спречи

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Ристески: Дали е на повидок нов скандал на вработување на активисти по список?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Нов скандал, град Скопје доделил тендер на фирмата на партнерот на министерката Царовска

Ана Ололовска