ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев се рак за македонското здравство

Од:

СДСМ е партијата која парите во здравството, наместо за реновирање на болници, градење на нови или набавка на опрема за здравствените установи, ги троши за непродуктивни работи, СДСМ и Зоран Заев се рак за македонското здравство, велат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите.

Немаат слух ниту за 30 деца со лесна кршливост на коските кои цела година се без неопходната терапија. Овие алармантни податоци беа обелоденети во јавноста.

Грипот зeма се поголем зафат, има починати 4 лица, а епидемијата на морбилите коси низ целата територија на државата. Има епидемија на морбили, а на праг е и епидемија на грип. На епидемијата со морбили и покрај мерките не и се гледа крајот, а за состојбата со грипот нема ниту мерки. Молк од Филипче.

Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го зголемува хаосот во здравството“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

А1он

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа