Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Од:

Сведокот Игно Стојков, кој во 2011 година бил главен инспектор во полициската единица „алфи“, рече дека делумно го видел апсењето на Љубе Бошкоски пред ресторанот „Воденица“.

На прашање на обвинителот од СЈО, да раскаже што видел на денот на апсењето, рече дека видел како Љубе Бошкоски ги фрла ташната и ќесата и „алфите“ го апсат.

Обвинителот го праша дали истото ова го кажал и на распитот во Обвинителството, рече: „Не се сеќавам што сум кажал. Од 1 до 8 бев во СЈО. Мислам дека е исто“.

Стојков кажа дека лично и семејно се познавал со Бошкоски и затоа не се приближил кон местото на апсењето.

Прерходно сведочеше Александар Михајловски Џанго. Следното рочиште е закажано за 29 март.

Во „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски Пуки и уште петмина „алфи“.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска