Османи: Северна Македонија е новата европска реалност на Балканот

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, беше домаќин на делегација на Република Франција предводена од министерката за европски прашања при Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, Натали Лоазо, која е во работна посета на земјава.

Вицепремиерот Османи изрази лична благодарност до министерката Лоазо за заложбите и искрената поддршка од страна на Франција за нашите европски интеграции која беше посочена на денешните средби, и ја оцени посетата како историска за земјава со оглед на тајмингот – кога Северна Македонија се движи кон почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Безбедна, стабилна и силна Европа, со силни и ефикасни институции на Европската Унија, претставуваат приоритети за кои несомнено постои заемен интерес меѓу Република Северна Македонија и Република Франција“, истакна Османи, притоа додавајќи дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан дополнително ќе придонесе за стабилен, безбеден и интегриран Балкан кој ќе претставува долгорочен фактор за стабилност на целиот континент, но и силен заштитник на вредностите и напредокот на Европската Унија.

На средбата помеѓу Османи и Лоазо беа отворени и темите за напредокот на Република Северна Македонија од повеќе аспекти, преку храбрите политички подвизи, како што се договорот за добрососедство со Бугарија и договорот од Преспа со Грција, но и преку засилениот реформски моментум, во насока на приближување до европските правила, стандарди и вредности, како успешна приказна на Балканот, чиј пример претставува мотивација за напредок во евро-атлантските интеграции, кој би можеле да го следат останатите земји во регионот.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Европската Унија го укина роамингот за Украина и Молдавија

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Медиуми: Европа го изневери Киев со својата одлука за рускиот имот

Горан Наумовски