Двајцата осомничени за организација на настаните од 27 април, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30-дневен притвор, биле нападнати во затворот во Шуто Оризари, потврдуваат нивни блиски за „А1он“.
Роднините кои ги контактиравме велат дека и двајцата биле повредени во тепачка која настанала со осуденици од „Диво насеље“. Роднините велат дека нивните блиски биле раскрвавени и пренесни на здравствен преглед во болниците.
До кривичниот суд во Скопје стигнало известување за физички инцидент во затворот Скопје во Шуто Оризари, дознава „А1он“ од извори во судот.
Во известувањето било наведено дека станува збор за физички напад, а утре судија ќе ги посети осомничените во затворот.
Лекари од градската општа болница информираат дека Јанакиески бил примен, и се жалел на удари во главата, но не биле констатирани повреди и ќе биде отпуштен.
Васко Маглешов