Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Од:

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај директорката на Централен регистар, Марија Бошковска – Јанковски, дознава „А1он“.

Вработувањето на Миновска доаѓа една година откако нејзиниот сопруг е именуван за директор на ЕЛЕМ, а два месеци откако Бошковска-Јанковски седна на директорското столче во Централен регистар.

Директорката Бошковска – Јанковски ја потврди информацијата за „А1он“ и додава дека Миновска била избрана на јавен конкурс. Во врска со низата вработувања во Централен регистар на семејствата од функционерите, вели дека се е регуларно и по пат на јавен оглас. Таа ги демантира пишувањата на социјалните мрежи дека во Централниот регистар се вработени 70 лица кои се партиски кадри на СДСМ, ДУИ и НСДП.

Инаку, вчера оставки од работни позиции поднесоа Кристијан Мисовски, син на пратеникот Горан Мисовски и Фанија Костадинова, мајка на пратеникот, Костадин Костадинов.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Левица: Непотизмот и кронизмот беснеат – ДКСК остануваат неми

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ