Романските здравствени власти соопштија дека во таа земја од грип починале уште четири лица, со што смртниот биланс се искачи на 135 лица.
Романската агенција Аџерпрес наведува дека најмладото починато лице имало 26, а најстарото 87 години.
Кај сите четири лица бил потврден вирус на грип од типот А и ниту еден од нив не бил вакциниран.