Исчистен е кровот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, наскоро ќе се поставуваат камери

Од:

Утрово Државниот студентски центар организираше акција за чистење, во чии рамки беше исчистен отпадот од кровот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, соопштија од Државниот студентски дом.

„Се повикуваат студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината. Јавната хигиена во студентските дворови е резултат на заедничка грижа за животната средина“, велат во нивното соопштение.

Исто така, од Државниот студентски центар, потсетува дека во иднина ваквото однесување ќе биде санкционирано бидејќи го загрозува секојдневието на сите студенти. Во интерес на безбедноста на студентите во завршна фаза е поставувањето на камери во студентските домови. Овие уреди ќе придонесат за повисоко ниво на безбедност и хигиена во студентските домови, се вели во соопштението на Државниот студентски дом.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

A1on

ВИДЕО: „Нè разбудија силни удари, слушнавме само бомба, бомба!“ – Студентите вознемирени по нападот врз директорот на „Пелагонија“

A1on

ВИДЕО: Поранешен вработен ја запалил канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

A1on

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври

А1он

ВИДЕО: Гастарбајтери со скапо „Ауди“ фрлија ѓубре покрај пат во Босна, минувачи ги натераа да го соберат

Жарко Настоски

Конкурс за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

Ана Ололовска