(ВИДЕО) Бајрами: Држете ме за збор, за мене нема роднини и пријатели

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука дека нема судир на интереси во изборот на Нури Бајрами за член на анрикоруоциска, кој е баџанак со спикерот на Собранието, Талат Џафери.

Комисијата го разгледа ова прашање, и согласно членот 8 од Законот за спречување корупција каде се наведува кои се роднини на блиско семејство и сватовство, а во Согласност и со одлуката на Уставниот суд со која се појаснети роднини по сватовство до втор степен, нема судир на интереси, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Бајрами повтори дека нема да дозволи никакви притисоци и влијанија.

„Следете ме и држете ме за збор, за мене нема блиски и роднини, не сум тука кариера да правам, при крај сум со работниот век, не е пробелм оставката, но тука сум да го пренесам искуството. Жена ми е во приватен сектор, синот е надвор од државата. Јас ако пречам на комисијата ќе се повлечам, но не би се повлекол на ваков начин само заради шоу“, рече Бајрами.

Нури Бајрами на денешната седница беше избран за заменик-претседател на Комисијата по принцип на лотарија. Тој ќе биде на позицијата заменик шест месеци, а потоа по принцип на ротација ќе биде избран друг член.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски

Билјана Ивановска, кандидат на „Независни заедно“ за Центар заработи кривична пријава

Од денес Цвета Ристовска е нов заменик претседател на ДКСК

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на ДКСК