ВИДЕО: Груби не открива кој е прифатлив кандидат за претседател за ДУИ

Од:

Пратеникот Артан Груби не открива кој е прифатлив кандидат за претседател на државата за ДУИ. Според него, консензуален кандидат е најдоброто решение.

„Имаше разговори на линија Ахмети-Заев, но деталите допрва ќе се договараат. Не е важно дали ќе биде маж или жена, ниту политичка или етничка припадност. Важно е да биде прифатлив за сите“, рече Груби.

На прашањето дали Заев ќе бара поддршка и од сите партии кои се во опозиција, Груби рече дека ако кандидатот е прифатлив не е проблем да биде поддржан и од албанската опозиција.

Тој не рече дали прифатливо решение за ДУИ се Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски и дека односите СДСМ-ДУИ не се нарушени.

Габриела Димковиќ-Мишшевска

Би можело да ве интересира

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО