СДСМ: Веќе сме во НАТО, одговорна партија не би ја загрозилa шансата за почеток на преговори со ЕУ

Од:

Нашата татковина веќе е дел од НАТО, постигнат е историски успех и остварување на еден од клучните стратешки национални приоритети, велат од СДСМ преку соопштение.

„Оваа година се очекува и датум за преговори со Европската унија и реализирање на сите неопходни реформи.

Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.

Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори туку на интересите на граѓаните и интересите на државата. Тоа е државнички и одговорно.

Граѓаните, јавноста бараат резултати, во економијата, реформите, интеграциите“, се вели во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека Република Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер слободни и демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните.

Би можело да ве интересира

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг