(ВИДЕО) СДСМ одлучи, нема предвремени избори

Од:

Извршниот одбор на СДСМ вечерва на седница одлучи да не прифати предвремени парламентарни избори. Како што беше соопштено по состанокот, владејачката партија смета дека во моментов приоритет е да се спроведат реформите на патот кон ЕУ.

„СДСМ презема одговорност пред граѓните и интересите на државата. Држвотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени избори, дури и кога рејтингот и поддршката кај граѓните е многу повисок од оној н опозицијата“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, по завршувањето на Извршниот одбор на партијата.

Пред состанокот, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев во изјава за медиумите рече дека одлуката за изборите ќе биде во интерес на државата.

„Економијата е раздвижена, платите растат, се зголемуваат инвестициите. Тоа е добра основа за посветување на резултат што го бараат граѓаните. Одговорна власт не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ со предвремени парламентарни изборни“, изјави портпаролот на СДСМ.

Додаде дека Република Северна Македонија ја очекуваат фер претседателски избори на кои ќе победи СДСМ. Владејачката партија најави консултации со сите партии, вклучувајќи ги и вонпарламентарните, за да дојдат до консензуален кандидат за претседател.

На состанокот не станало збор за преименување на името на партијата.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Двосменско работење и поволни цени за престој во градинките како поддршка на младите семејства

(ВИДЕО) Филипче: Ние не водиме црна кампања туку ја кажуваме црната вистина која е резултат на политиките на Мицкоски

Горан Наумовски

БРТ-систем, нови мостови, дигитализација на ЈСП и „Зона 30“ – клучните проекти од сообраќајната визија на Шукова

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици