Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај ѝ честита на пејачката по потекло од Косово, Дуа Липа за освоените две признанија на синоќешното доделување на музичките награди „Греми“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на својата страница на „Фејсбук“ напиша дека „Дуа уште еднаш докажа дека со работа и талент се преминуваат сите граници“.
„Честитки Дуа! Косово е среќно што во светот се претставува со твоето име“, напиша Харадинај.
Дуа Липа ги освои нагрaдите „Греми“ за најдобар млад уметник и за најдобра ритмичка песна, за нумерата „Електрисити“.