(ВИДЕО) Џафери: Не влијаев мојот баџанак да биде дел од Антикорупциската комисија

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција, по изборот на членовите на антикорупциската комисија, рече дека немал никакво влијание во однос на изборот на неговиот баџанак Нури Бајрами за член на комисијата и дека нивната релација нема да влијае врз работата на телото.

„Како вашиот колега новинар влезе во тој состав на антикорупциската комисија?“, одговори Џафери со контра прашање упатено до новинарите на нивното прашање како ја коментира одлуката за избор на Бајрами во Државната комисија за борба против корупцијата.

На забелешката на новинарите дека и во минатото имало вакви случаи на баџанаци што биле критикувани во јавноста, како случајот со баџанакот на првиот човек на тајната полиција Сашо Мијалков, Џафери рече дека разликата е што сега, покрај Собранието, и други релеватни институции гласале за избор на Бајрами.

„Разликата е што сега, покрај пратениците, и претставниците на медиумите, невладините организации и народниот правобранител беа вклучени во изборот. При процесот на испитување имаше и претставници на МАНУ. Во тоа е разликата. Какво влијание имам јас во изборот? Во чинот на гласање гласав за листата, а не за поединци“, рече Џафери.

Со 65 гласа „за“ и 10 „воздржани“ избрана е новата антикорупциска комисија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Претседателката на ДКСК не доаѓа на работа, парламентарците молчат за нејзино разрешување

Горан Наумовски

Ревизор и го положил испитот за пристап до службени тајни кои потоа му ги кажувала на обвинетиот во „Адитив“, обвинение за Димитровска

Катерина Ѓуровски

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Горан Наумовски

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат