МД „Илинден“ го одбележа 10 годишниот јубилеј

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, со посебна свеченост, синоќа го одбележа јубилејот, десет години од формирањето.

На свеченоста присуствуваше македонскиот амбасадор Данчо Марковски, амбасадорите на Јапонија и на Црна Гора, како и претставници на повеќе дипломатски претставништва во Тирана, на албански институции, на друштва на Македонците, на малцинствата во ова земја,на партијата МАЕИ, како и гости од Македонија.

Пред присутните се обрати претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, кој откако направи пресек на најзначајнте активиности во изминатиот десетгодишен период, се задржа на средбите и соработката со претставници на разни институции и асоциации,во Албанија, во Македонија, како и меѓународни органзации.

-На сите средби со претставниците на државните институции во Албанија, Македонија и европските институции и меѓународни организации ја користевме секоја прилика да размениме мислења за важни прашања за унапредување на положбата и правата на македонското национално малцинство во Албанија, рече Ѓурѓај.

Тој побара од Владата во Тирана да посвети поголемо внимание и позитивно да одговори на барањата на Македонците.

-Бараме од Владата на Република Албанија и од надлежните министерства и организации да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нашето барање за настава на македонски јазик во областа Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број Македонци, имајќи предвид дека тоа веќе се остварува во областа Мала Преспа. Бараме Владата да изврши промена на штетната територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општините во областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци, рече Ѓурѓај.

Друштвото, посочи тој, останува посветено на борбата за унапредување на положбата и правата на Македонците.

-Тоа врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност: Реципроцитрет во меѓусебните односи меѓу Македонија и Албанија и по прашањето за Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија како мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави. Ние не трчаме да победиме, туку да преживееме. Не за нас, туку за идните генерации, рече Ѓурѓај.

По повод јубилејот првпат беше доделена наградата „Илинден“за особени заслуги за ангажман и перманентни активноси во насока на зачувување на идентитетот на припадниците на македонското национално малцинство во Албанија.

Наградата „Илинден“ ја добија претседателите на Македонја и на Албанија, Ѓорге Иванов и Илир Мета, Бил Николов, Претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада и Архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Беа доделени и благодарници на деветмина поединци.

Македонското друштво „Илинден” е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски