Годишниот извештај на Министерството за правда за тужбите против Бугарија поднесени пред Европскиот суд во Стразбур е на дневен ред во бугарскиот Парламент.
Според извештајот, поднесени се 623 жалби против земјата за 2017 година, има 65 изречени пресуди, од кои 31 осудувачка. Опозицијата се закани дека ќе поднесе тужби против политичарите одговорни за одлуките за осудување.
„И нема ништо лично, но јас ве прашувам: кога ќе поднесете тужба против Бојко Борисов, бидејќи поради него бевме осудени за случајот за 55.000 евра? Кога ќе го спроведете законот и ќе поднесете тужба против Цветан Цветанов за шест случаи, за кои сме осудени за 120.000 евра. Ќе биде интересно“, изјави лидерот на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова.
Таа додаде дека тие тужби ќе бидат поднесени, без оглед на тоа за кого и за кој период се однесуваат.
Пратеникот од Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Спас Грневски во реплика и одговори дека во последните десет години трипати добива црвен картон на избори.
„Не ве сакаат“, рече Грневски.