Мадона доцнела на концерт, фанови ја тужат дека им го трошела времето

Од:

Двајца фанови на Мадона ја тужат ѕвездата дека поради доцнењето на концерт, нивното време било залудно трошено.

Мајкл Фелоус и Џонатан Хаден се изнервирале поради тоа што наместо во 20:30 часот, концертот на Мадона започнал дури после 22:30 часот. Тие биле разочарани од несовесното и нефер постапување на ѕвездата и организаторот, а дури и се сомневаат во измамнички практики.

Според фановите, ова однесување е прекршување на договорот и ветувањето кое ѕвездата го дала. Дополнително, тие се соочиле со компликации како залудно потрошено време, ограничен јавен превоз, зголемени трошоци за приватен превоз, па дури и доцнење на работа бидејќи концертот завршил по полноќ.

Би можело да ве интересира

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Полицајци го тужат МВР – ги оставиле без осигурување цела година

(ВИДЕО) Цензурираната реклама на Мадона за Пепси конечно објавена по 34 години

Катерина Ѓуровски

Кралица на попот го слави својот 65-ти роденден

Мадона: Наскоро, многу наскоро, патувам кај вас

Горан Наумовски

Мадона ја напушти болницата, сега е на домашно лекување