Во пингвинската колонија во еден од австралиските аквариуми во Сиднеј, сите „родители“ се грижат за своите идни младенчиња, освен една двојка, пишува „Њујорк тајмс“.
Тие ги оставиле двете јајца што ги снела женката во гнездото, за да можат да „си играат“ и целосно ги игнорирале.
Управата на аквариумот забележала дека само двојките кои се геј, покажуваат интерес за јајцата, поради што чуварите се досетиле двете запоставени јајца да ги подметнат на хомосексуална двојка. Притоа се покажало дека тие биле подготвени да ги заменат биолошките „родители“ кои ги занемариле.
Тие покажале дека се подготвени да станат „родители“ затоа што никогаш и двајцата во исто време не го напуштиле гнездото, така што еден од нив постојано седел на јајцата за да ги грее.
„Родителите“ се наречени Свен и Меџик и тие успеале да добијат принова чиј пол се уште не се знае и претставуваат вистинска атракција во сиднејскиот аквариум.