А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Ако има можности ќе ги декласифицираме документите од преговорите за името

by А1он31/01/2019 - 17:02398
Share0

Премиерот Зоран Заев најави дека ако постојат законски можности ќе им препорача на институциите да бидат декласифицирани документите од преговорите за името со Грција, од 1992 година до склучувањето на Договорот од Преспа.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Ако постојат можности во соодветен момент којшто не би нанел штета на државата ниту на односите со Грција, лично би им препорачал на институциите да ги декласифицираат и објават податоците, рече Заев во одговор на прашање од пратеничката Нола Исајловска Старова.

– Ако објавиме ќе објавиме се што постои секако ако тоа е возможно и со тоа мислам дека ќе им помогнеме на граѓаните да им биде полесно во целата постапка знаејќи се што се случувало наназад и се што се случуваше во конечниот дел од разговорите, дополни Заев.

На попладневниот дел од седницата за пратенички прашања Исајловска Старова праша и што се презема за справување со корупцијата, по објавувањето дека Македонија е рангирана на 93. место според Индексот на корупција.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според Заев, најважно е да се постават првин контролните механизми. Се надева оти сите заедно со опозицијата во Парламентот ќе се избере новиот состав на Антикорупциска комсија. Порача да не се очекува поддршка за предлози за членови на комисијата блиски до која било партија.

– Не очекувајте да дадеме поддршка на предлог на некој кој е близок до некоја партија. Македонија е мала држава и се се проверува. Давајте предлози на експерти и кандидати и верувам дека лесно консензуално ќе ги најдеме вистинските луѓе. Најголемата корупција доаѓа од политиката и од јавните институции. Така било во минатото, така е и сега, така и ќе биде во иднина. Ако сакаме да си ја средиме државата, мораме искрено да ги поставиме првин контролните механизми, рече Заев.

Апелираше до опозицијата заедно да направат избор на директор на Државниот завод за ревизија, како и сите останати регулаторни тела, кои, потенцираше, треба да бидат независни и не треба да бидат политички избрани.

dogovor od prespaimetopratenicki prasanjasobranieZaev

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ16/04/2026 - 15:53

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Горан Наумовски16/04/2026 - 13:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто