Анкета: Трамп има мали шанси да биде реизбран на изборите во 2020 година

Од:

Најновото истражување на јавното мислење на телевизијата Еј-Би-Си и весникот Вашингтон Пост покажува дека Доналд Трамп има мали шанси да биде реизбран на претседателските избори во 2020 година, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Според анкетата 56 отсто од испитаниците, речиси шестмина од десет луѓе, се изјасниле дека воопшто не им паѓа на памет да ја разгледаат опцијата во 2020 година да гласаат за Трамп. Од друга страна, помалку од тројца од 10 луѓе или 28 отсто, се изјасниле дека „дефинитивно“ ќе гласаат за Трамп.

Од друга страна, сегашниот претседател, кој е на половина од својот мандат, нема едногласна поддршка и од републиканците. Една третина од испитаните републиканци не би сакале Трамп да биде номиниран за претседател на изборите во 2020 година, додека две третини, или 62 отсто, се изјаснале дека Трамп треба да добие номинација за претседател.

Демократски настроените Американци се уште немаат дефинитивна одлука за кога да гласаат бидејќи сцената на кандидати се уште се пополнува. Камала Харис, која објави своја номинација и викендов ја започна кампањата во сојузната држава Ајова, доби поддршка од осум отсто. Поранешниот потпретседател Џо Бајден има поддршка од девет проценти, додека за сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, би гласале четири отсто од испитаниците.

Поради блокадата на федералната Влада, рејтингот на Трамп е на многу ниско ниво од околу 39 отсто.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена