Петмина починати од грип во Црна Гора, меѓу нив и дете

Од:

Пет лица починаа од грип во Црна Гора во текот на минатата недела, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во извештајот од Институтот се наведува дека меѓу починатите има и двегодишно момче. Починати се тројца мажи на возраст од 54, 82 и 83 години и една жена од 46 години.

– Освен жената за која не се знае дали била вакцинирана, останатите не биле вакцинирани против сезонски грип, се наведува во соопштението.

Пријавени се 386 лица со симптоми на грип, што е двојно повеќе во однос на претходната недела и трипати повеќе во однос на истиот период минатата година.

– Се наоѓаме во фаза на епидемија на грип и се очекува да кулминира во наредните недели, по што бројот на заболени ќе почне постепено да опаѓа, се наведува во соопштението.

Најголем број заболени се на возраст од 20 до 64 години, околу 60 отсто, додека постојано се зголемува бројот на заболени деца, што се смета дека е резултат на враќањето во училиште и градинка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски