Две старици загинаа во метеж при поделба на бесплатни купони за храна во Малезија

Од:

Две повозрасни жени од малезискиот главен град Куала Лумпур, загинале во метеж кој настанал кога луѓето се впуштиле во „тепачката“ по бесплатни купони за храна.

На располагање биле 200 купони, а потенцијални корисници – над 1.000.

Претставник на обезбедувањето. по турканиците изјави дека двете жени – Лао Јон Нанг (78) и Ах Пох (85), починале поради тешкотии при дишењето, додека чекале на ред.

Покрај тоа, четворица други се онесвестиле поради, како што објасни чуварот, нетрпеливоста на луѓето и турканицата што настанала за да се преземе редот на тие пред себе.

Раководителката на супермаркетот објасни дека решиле на повозрасните лица да им поделат купони за бесплатна храна по повод Кинеската нова година, која се слави следната седмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски