А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Коцијанчиќ: Европската перспектива на Скопје е многу сигурна и покрај заканите на грчката опозиција

by А1он28/01/2019 - 16:1728/01/2019 - 16:20333
Share0

Европската перспектива на Северна Македонија е многу сигурна во светлината на усвојувањето на договорот за името во Атина и Скопје, што беше јасно предочено од лидерите на ЕУ во јуни минатата година, иако изјавија дека е неопходно македонските власти да спроведат понатамошни реформи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова денеска во Брисел го изјави портпаролката на Европската комисија Маја Кочијанчиќ, одговарајќи на прашање на новинарите во Брисел дали ЕУ смета дека отпочнувањето преговори за членство со Северна Македонија е извесно по усвојувањето на договорот за името во грчкиот Парламент, бидејќи, и покрај тоа, влијателната грчка опозицијата најави дека ќе го блокира патот на Скопје кон ЕУ.

Белградскиот весник „Данас“ во анализа на оваа тема, го наведува бриселскиот портал “Политико”, во кој се наведува изјавата на Киријакос Мицотакис, лидер на грчката опозициска партија Нова Демократија, дека патот на Скопје кон ЕУ ќе биде запрен “ако не бидат задоволени грчките интереси за време на преговорите за членство.”

“Политико”, ја пренесува и изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека што поскоро се очекува повикот на Северна Македонија да ги почне преговорите за членството во НАТО.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Данас“, повикувајќи се на извори во ЕУ, го пренесува генералниот став на членовите на Унијата, дека сега мора да се отвори патот за преговори за членството со Северна Македонија, како и да поголемиот дел од медиумите во ЕУ е на такво мислење, иако постојат предупредувања, дека, доаѓањето на власт на грчката опозиција може да го доведе во прашање патот на Скопје кон ЕУ.

Францускиот весник „Ле Монд“ во редакцијскиот осврт, оценува дека “зеленото светло” на Атина за новото име на Македонија е “добра вест за Балканот … и го отвара патот на оваа мала земја во Западната заедница“.

„Монд” смета дека, и покрај тоа што поради договорот со Скопје „владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас се распадна…тој ја зајакнал својата позиција на државник”.

Белгискиот медиум „Lost in Jurop“ смета дека е “вистинска иронија”, што Ципрас, кој беше во времето на кризата тешко притиснат од германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за финансии, Волфганг Шојбле, сега “обезбеди надворешно- политички успех на Европејците.”

Грчкиот весник “Катимерини” посочува дека “Грција сега за прв пат е дел од решението, а не од проблемот” и истакна дека Атина треба да “извлече дипломатски капитал … иако сето ова имаше сериозни последици за општеството, бидејќи обичните луѓе беа поделени до неопростливо ниво “.

Бугарскиот весник “Труд”, наведува дека “Западот од спорот за името (на Атина и Скопје) се појави како победник,” и дека е “вистина да Американците и Европејците (особено Германците) имаат извршено притисок врз Грција и Македонија да постигнат договор.”

“Голема геополитичка битка се одвива на Балканот”, оценува бугарскиот весник, додавајќи дека “интересите на Западот тука се спротивставени со интересите на Русија, која прикриено ја следат Кина и Турција.”

“Договорот за името (на Атина и Скопје) е дел од оваа опасна игра”, смета “Труд”.

dogovor od prespaeugrcijakocijancic

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Горан Наумовски08/07/2026 - 14:06

Американските ракети ќе се произведуваат во Европската Унија

Горан Наумовски07/07/2026 - 20:18

Песков: Русија не претставува закана за Европа и нема да започне светска војна

Горан Наумовски07/07/2026 - 19:06

Малолетник од Англија загина во Грција – падна од хотелски балкон

А1он03/07/2026 - 20:10

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите

Катерина Ѓуровски27/06/2026 - 12:3727/06/2026 - 12:38

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ22/06/2026 - 15:5622/06/2026 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто