Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до рекордната трета титула на Австралија Опен, совладувајќи го Шпанецот Рафаел Надал со 3-0 во финалето.
Ѓоковиќ со 6-3, 6-2 и 6-3 го совлада Надал во натпревар кој траеше нешто повеќе од 2 часа.
Ова е рекордна седма титула на Австралија Опен за Ѓоковиќ.
До финалето Србинот стигна совладувајќи ги Кругер, Цонга, Шаповалов, Медведев, Нишикори и Лукас Пуј.
Воедно, за првиот светски рекет ова беше вкупно 15. Грен слем титула.
Сега Ѓоковиќ води во меѓусебните мечеви со Надал со 28:25.
Наградниот фонд на Отвореното тениско првенство на Австралија 219 изнесуваше 44,7 милиони долари.