Лажен повик за подметната бомба во Градската управа во Загреб

Од:

Загрепската полиција соопшти денеска дека примила повик за подметната експлозивна направа во загрепската Градска управа, за кој се потврди дека е лажен.

Од полициската управа наведуваат дека околу 14 часот примиле телефонски повик за можна експлозивна направа во Градската управа на плоштадот „Стјепан Радиќ“.

Тие истакнуваат дека полициските службеници при секој таков повик постапуваат на професионален начин, односно го прегледуваат просторот на кој се однесува повикот.

И во овој случај, на местото на настанот направиле антидиверзанстки преглед со кој е утврдено дека се работи за лажен повик.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари