Библиотеката на познатиот британски политичар од 19. век, Вилијам Гледстон, покрај своите 150.000 наслови, по коишто е надалеку прочуена, сега има и 26 соби за преноќување со појадок.
Гледстон е член на британската Либерална партија, кој во неколку наврати бил претседател на Парламентот, а нам ни е познат како голем поддржувач на македонската револуционерна борба. Позната е неговата изјава „Зошто не Македонија на Македонците, како што Србија е на Србите и Бугарија е на Бугарите?“, што и била користена како слоган во револуцијата потоа.
Гледстоновата библиоитека се наоѓа во северен Велс. Гледстон пред смртта оставил аманет – таа да биде собиралиште на мислители, место за полемики или едноставно – за човек да се повлече в тишина за да чита или пишува.
Во февруари ќе се организира и првата Тркалезна маса на којашто гостите ќе можат да седат околу каминот и да разговараат со писатели – специјални гости на библиотеката.
Во рамки на библиотеката е отворен и мини-ресторан каде се служат локални специјалитети и секако – неизбежниот британски чај во 17:00 часот.