Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изрази надеж дека цела Европа ќе се обедини во поддршката за демократските сили во Венецуела.
– За разика од Мадуро, парламенарното собрание вклучувајчќи го и Хуан Гуаидо, има демократски мандат што им го дале граѓаните на Венецуела, напиша Туск на Твитер.
Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, претседател на Парламентот на Венецуела кој се прогласи за привремен претседател, го признаа САД, Канада, Бразил, Аргентина, Колумбија, Парагвај, Чиле, Гватемала и Костарика.