ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Од:

Бројните повици од помалите партии за измени на Изборниот законик со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени листи на гласање, се чини не допираат до големите партии. Од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе поддржат, а од СДСМ повеќе од две години велат дека се подготвени за промена на изборниот модел, но дека чекаат согласност од другите партии.

„СДСМ подолг период има јасно дефиниран и соопштен став по ова прашање и секако дека е прифатлива промена на изборниот модел од неколку изборни единици во една, со што ќе се обезбеди еднаквост на гласот на сите граѓани во државата, но и ќе се затворат непродуктивните дебати за промени на границите на изборните единици. Се разбира, за ова крупно прашање потребна е изградба на консензус и согласност и од останатите политички субјекти. СДСМ останува на ставот за промена на изборниот модел, што впрочем е и дел од изборната програма План за живот и е подготвена на измени на потребните закони, доколку таа идеја е прифатлива и за останатите партии“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат кои се нивните позиции со образложение дека таа тема не е на дневен ред на преговорачката маса меѓу власта и опозицијата.

„Во однос на една изборна единица и отворени листи потенцираме дека ќе го отвориме прашањето и сме подготвени за разговор кога ќе се отвори дебатата за законот за избори. Ние сме подготвени да разговараме. аргументираме и да отворием поширока дебата во тој момент“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Последните изјави од ДУИ за ова прашање беа во насока на тоа дека поддржуваат отворени листи но за една изборна единица сметаат дека е потребна потемелна анализа, во која ќе бидат опфатени општествените карактеристики на државата и дека постојниот модел се покажал како попретставителен во споредба со другите модели.

Реафримирањето на предлогот за една изборна единица следува откако се засилија најавите за можни предвремени парламенатрни избори заедно со претседателските. Повеќе партии како ДОМ , НСДП, вонпарламентарната Левица и ДС на Павле Трајанов вчера побараа да се применат долго најавуваните измени на Изборниот законик за конечно да се демократизира државата и да се создадат фер услови за политичка трка за сите партии.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти

СДСМ: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал во Кочани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани