Сирија одбила воздушен напад на израелски авиони

Од:

Соборени се седум ракети на израелски борбени авиони, соопшти портпаролот на рускиот Национален центар за управување со одбраната.

– Силите на противвоздушната одбрана на сиријската војска го одбија нападот на израелските борбени авиони на меѓународниот аеродром Дували на југоистокот на Дамаск, рече портпаролот на командниот и контролен центар на Министерството за одбрана на Русија.

Тој наведе дека израелските ракети биле пресретнати и погодени од противвоздушните системи „Панцир“ и „Бук“.
Никаква штета не е нанесена на инфраструктурата на аеродромот. Нема ни жертви, пренесуваат сиријските медиуми..
Се наведува дека четири израелски борбени авиони Ф-16 долетале од Средоземното море и дека користеле наведувани ракети.

Би можело да ве интересира

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор