Најголемиот синдикат во Тунис (УГТТ) денеска повторно повика на дводневен генерален штрајк следниот месец, со цел да го зголеми притисокот врз Владата за исполнување на неговото барање за повисоки плати за 670.000 вработени во јавниот сектор.
Во Тунис во четвртокот беше организиран еднодневен масовен штрајк, кој ги блокираше железничкиот, воздушниот и автобускиот сообраќај ширум земјата.
Илјадници луѓе се собраа тој ден пред седиштето на синдикатот во централниот дел на земјата, извикувајќи „Народот сака да ја собори Владата“. Истиот слоган беше користен и во 2011 година за време на масовните протести во кои е соборен лидерот Бен Али, со што беа поттикнати повеќе бунтови ширум регионот познати како „Арапска пролет“.
Владата предложила за зголемување на платите да издвои околу 400 милиони долари, додека синдикатот УГТТ бара околу 850 милиони долари.