Заврши експериментот на Кина за одгледување растенија на месечината

Од:

Првото растение што успеа да никне на месечината најверојатно веќе е мртво, во четвртокот рекоа кинеските научници.

Само неколку дена откако Кина објави дека семето памук што го засадиле никна и со тоа станува првото растение одгледано на месечината, научниците го завршија експериментот кога го прекинаа дотокот на струја.

Семињата беа засадени во специјален сад поставен на сондата „Chang’e 4“, активиран при слетувањето на месечината. Автохтоната биосфера е дизајнирана за одгледување семиња и јајца од муви во обид да се создаде мал екосистем и да се процени како истиот ќе реагира на животната средина со ниска гравитација и висока радијација.

Кинеските научници се надеваа дека експериментот ќе им помогне на оние кои во иднина ќе направат обид да одгледуваат храна на пустата површина на месечината.

Професорот кој го осмисли експериментот изјави за медиумите дека истиот завршил по девет дена бидејќи температурата во биосферата пораснала неконтролирано, па тимот морал да го прекине дотокот на електрична енергија до неа.

„Иако имавме контролори на температурата, таа достигна 30 Целзуисови степени околу 10:30 наутро. Како што сите знаеме, многу растенија не можат да никнат на таа температура“, рече тој.

Засега не е познато зошто и покрај напорите на научниците, температурата продолжила да расте.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина