Меси: Тимот ми е пред индивидуалните достигнувања

Од:

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, не придава многу на значење на неодамна поставениот рекорд. Тој на 13 јануари, на натпреварот со Еибар успеа да го постигне 400. гол во првенството на Шпанија.

– Горд сум на едно такво достигнување, но навистина не обрнувам многу внимание на евиденцијата и бројките. Повеќе сакам да се концентрирам на секој ден. Не мислам на голови, туку на секој следен натпревар на кој треба да победиме и освоиме уште три бода во походот кон титулата. Се обидувам да му помогнам на тимот, не само да подобрувам индивидуални статистички показатели, изјави Меси.

Аргентинецот за да дојде до 400 голови во Примера, му беа потребни 435 натпревари. На второто место на листата на најдобри стрелци во историјата на шампионатот во Шпанија, се наоѓа поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со 311 погодоци во дресот на „кралскиот клуб.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот