Росоман и селата Манастирец и Рибарци без вода за пиење поради дефект

Од:

Поради дефект на водоводната линија во Кавадарци, без вода за пиење од регионалниот водовод „Лукар” денеска останаа жителите на Росоман и селата Манастирец и Рибарци.

– Наши работници интензивно работат на отстранување на дефектот и се очекува во најскоро време проблемот да биде надминат, рече Марјан Прескакулев, раководител на организационата единица за водовод, при јавното претпријатие Комуналец од Кавадарци.

Прескакулев информираше исто така дека поради топлото време во изминатите неколку дена,  се зголемила и потрошувачката на вода за пиење. Инаку, работници на комуналното претпријатие биле ангажирани и на реконструкција на водоводната мрежа на  улицата „Праведничка” во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила