Зошто Шведска воведува воен рок?

Од:

Независне новине – Бања Лука

Како своевиден куриозитет нашите медиуми известија дека Шведска од 01.01 идната година повторно ќе го воведе воениот рок. Обуката од 9 до 11 месеци ќе опфаќа четири до пет илјади војници секоја година. Медиумите наведуваат дека причината за воведување на воениот рок е „влошената безбедносна состојба во Европа” и брзаат тоа да го интерпретираат, па така Шведска ги јакне воените сили поради Русија, при што наведуваат некои воздушни инциденти и заскитани подморници.

Шведска не е членка на НАТО и има повеќевековна традиција на неутралност. Ако во Европа утре стане немирно, тешко може да се очекува дека Русија ќе изврши пешадиска инвазија на Шведска, за кое прво треба да ја прегази Финска.

Со овој задолжителен воен рок сигурно нема да управуваат авиони, значи Русија како причина за јакнењето на милитарноста на Шведска смета дека помалку е сомнителна приказна. Зошто тогаш Шведска воведува воен рок? И тоа лева влада и како што покажуваат анкетите, со голема поддршка од јавноста. Единствен рационален одговор е дека тоа го прави поради безбедносната состојба внатре во земјата. Некритичното примање на голем број на мигранти, од кои повеќето немаат никаква шанса за интеграција, во последните години делови од шведските градови, вклучувајќи го и Стокхолм, ги претвори во подрачја во кои Швеѓаните не влегуваат. Нередите и насилствата кои се случуваат таму, поради веќе патолошката „политичка коректност”, се кријат како семеен срам.

Попрво ќе замижат пред реалноста отколку да ги признаат сопствените политички и идеолошки илузии и промашувања. Во хрватските мејнстрим медиуми за тоа можеше да се дознае на лажиче, додека вистинската длабочина на шведскиот проблем со новата генерација мигранти може да се дознае само директно, благодарение на нашите луѓе во Шведска. Во сето тоа посебно загрижува немање на отворен, рационален став за проблемот, бидејќи наместо да се бараат решенија, лицемерно се продолжува истата политика на отворени врати, а истовремено за секој случај, осум години по укинувањето, повторно делумно го воведува воениот рок.

Шведскиот парадок е парадигматски за цела Европа. Иако не е во ЕУ, Шведска според многу нешта повеќе ги остварува вредностите на Унијата од било која нејзина членка. Совршено е вклопена во глобалниот пазар, во светот на „слободен проток на луѓе, стока и капитал”, во кој економски и тоа како профитира. Шведската глобална пенетрација најдобро се гледа на нивото на стоката за широка потрошувачка. На Тајмс Сквер во Њујорк најголемата реклама е таа за H&M, шведски текстилен гигант, ИКЕА со својот мебел одамна го поклопи цел свет, а нема земја во која не се вози Волво, што е фасцинантно за земја од десет милиони жители. Шведскиот пасош е највреден на светот, бидејќи со него може да се влезе во најголем број на земји и да се чувствува добредојдено.

Во Шведска се доделува и Нобеловата награда, чиј еден сегмент, тој за мирот, ги диктира и глобалните вредности. По потреба ќе ја дадат бланко на Обама, а тој ништо не направи за светскиот мир, а потоа и на пакистанска ученичка, помалку поради заслугите, а повеќе како патоказ за другите.

Таа и таква Шведска, развиена, толерантна и миротворна, е идеализирана круна на глобализираниот свет, која истовремено се гуши во лаги и лицемерија, туркајќи ги домашните проблеми под тепих. Многу Швеѓани така се уште тешко ќе ги признаат проблемите со интеграцијата на имигрантите, но подготвено ќе одговорат дека за воведувањето на воениот рок, за кое не се гледа друга цел освен таа дека побројна редовна војска или помошна војска за некоја година може да помогне на полицијата во одржувањето на редот внатре во одметнатите квартови.

Прашањето за идно прифаќање на мигрантите, можноста за нивната интеграција и прифаќањето на европските вредности ќе биде пресудно на овогодишните избори во низа европски земји. Веќе е извесно дека антимигрантската АФД по претстојните германски избори обилно ќе влезе во Бундестагот и ќе стане релевантен политички фактор како де факто главна вистинска опозициска партија.

Наспроти добрата економска состојба во земјата, Ангела Меркел поради неодговорната мигрантска политика може да ја изгуби власта. Мартин Шулц од СПД се смета за се посериозен противкандидат, но и тој, ако и успее да ја симне Меркел, долгорочно како основна грижа ќе го има порастот на АФД. Избори оваа година ќе има и во Холандија, каде иконата на европската анти имигрантска сцена Герт Вилдерс е на раб на доаѓање на власта, а во Франција Марин Ле Пен е фаворит на овогодишните претседателски избори. Евентуалната победа на ЛеПен ќе значи почеток на крајот на Европската унија каква што ја знаеме до сега.

Дури и ако оваа година за еврофилите сите изборни резултати совршено би се склопиле, значи Меркел да ја задржи власта, Вилдерс да остане во опозиција, а ЛеПен да изгуби во вториот круг, остануваат нерешени проблемите на кои тие опции од некогаш маргинални пораснаа до ниво на кое можат да ја преземат власта. А пораснаа токму на сивата зона на лицемерието на европската политичка елита, на тој расчекор меѓу вистинските проблеми на европските граѓани и убавите утопијски приказни, какви на пример Федерика Могерини денес ги продава по „Западен Балкан”.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло