Зошто се Идил толку успешни во привлекување на лица од западниот свет?

Од:

Си-Ен-Ен – Атланта

Како за една групација радикални антизападни милитанти, Идил се прилично добри во привлекување на лица од западниот свет да им се приклучат.

Последните од нив се можеби 11-те западни студенти по медицина, чии семејства се плашат дека можеби тие заминале за Сирија за да работат во болници контролирани од Идил.

Но тие не се единствени.

Минатиот месец, три британски тинејџерки беа осомничени дека сакале да им се приклучат на Идил и можеби заминале за Сирија, велат властите. Нивната судбина останува непозната.

– Се проценува дека 3,400 западњаци заминале да им се приклучат на Идил во нивната крвава мисија за да основаат Исламска држава во Ирак и Сирија, вели Николас Расмусен директор на Националниот центар за контратероризам.

Од каде излегоа Идил толку вешти за да привлечат толку западњаци?

Настрвени на незадоволната младина

Регрутите на Идил се често млади – понекогаш заблудени тинејџери, кои се обидуваат да си пронајдат цел и својата смисла.

– Општата слика која ја создаваат странските борци за нивниот живот во Сирија наведува камарадерии (братства), добар морал и активности со цел, сето измешано со чувството на потценетиот хероизам создаден за да ги привлече нивните пријатели, како и да ја засили нивната самодоверба, напиша експертот за контратерорзиам Ричард Берет минатата година во извештајот насловен со „Странските борци во Сирија“.

Фаваз Гергес, професор за студиите за Блискиот исток на Лондонската пкола за економија, е уште подиректен.

– Идил на овие заблудени млади момчиња и дами им овозможува авантуристичко патување.

Многу регрути доаѓаат од образувани семејства од средната класа, рече тој за Си-Ен-Ен. „Животот дома е премногу лесен. Имам убав живот. Имам автомобил. Но работата е што дома не можете да практикувате Ислам. Сегде околу нас гледаме зло. Гледаме педофили. Гледаме хомосексуалност. Гледаме криминал. Гледаме силувања“.

Нудат примамливи подароци

Некои се привлечени од можноста да умрат како маченици за да уживаат во совршениот задгробен живот. Други пак можеби ќе се навлечат на поконкретни ветувања.

На лојалните на Идил им се кажува дека од Алах ќе добијат подароци, пишува Акса Махмуд, млада Британка која заминала од Шкотска за да се приклучи на Идил и сега е кадровик во Идил.

Меѓу тие подароци има „дом со бесплатна струја и вода, која ви се обезбедува од Калифатот (калифатот или државата) и нема да плаќате кирија“, напишала Махмуд.

Функционира софистицирана пропагандна машина

Атрактивната пропаганда на видеата на Идил потсетуваат на трејлери за холивудски акциони филмови. На едно едночасовно видео е прикажана компилација од бомбардирања, егзекуции, киднапирања и обезглавувања. Додека една бомба поставена покрај пат оддувува автомобил во воздух, двајца во позадината од видеото се кикотат.

– Идил сега има најсофистицирана пропагандна машина од која било друга терористичка организација, вели Метју Олсен, директор на Националниот центар за контратероризам. „Користат прецизни висококвалитетни медиуми и ги користат социјалните медиуми за да обезбедат широко распространето следбеништво“, вели тој.

Дури и од американскиот Стејт департмент ја признаваат успешноста на пропагандната машина на Идил. „Тоа е нешто што претходно не сме го виделе. Тоа е нешто на кое мора повеќе да работиме, изјави Џен Псаки, портпаролот во Стејт департментот минатиот месец. „Мислам дека секојдевно се бориме против околу 90,000 твитови“.

Применуваат контрола слична на култ

– Ова е политички култ кој ја користи религијата и изопаченоста на Исламот како штит, вели Стивен Хасан основач на Слобода на умот, организација посветена на откривање на деструктивните култови и однесувањето кон култот. „Но всушност тоа е систематски обид да се создаде армија на следбеници во транс“. Тој вид на перење мозоци го претвори канаѓанецот Дамјан Клермонт во милитант од Идил, вели неговата мајка Кристијан Будроу.

– Лесно им е ним да дојдат до нашите деца, да им пристапат на нашите деца, вели таа.

Клермонт загинал во борбите во Сирија минатата година.

Широкопсежен дофат

Околу 130 граѓани на Канада отпатувале на Блискиот исток за да им се приклучат на Идил, велат од канадското разузнавање во проценките за минатата година.

Околу 1,200 француски борци исто така се приклучиле на Идил. Се верува дека скоро 600 британци отишле во Ирак и Сирија, велат од истражувачките организации, заедно покрај други 600 од Германија.

Во САД, директорот на Националното разузнавање, Џејмс Клапер, рече дека 180 американци се обиделе да одлетаат за Сирија. Но не е јасно колку од нив се обиделе да и се приклучат на Идил. Кога странците одат во Ирак и Сирија да се приклучат на Идил, нивните шанси да им се вратат на семејствата се многу мали. Видео клипови на џихадисти како ги палат своите пасоши покажуваат дека многумина од нив немаат интерес за враќањето дома.

Можат да ги надмудрат западните влади

– Многу доцниме. Далеку сме посупериорни и понапредни кога станува збор за новите технологии и медиуми, рече минатата година за Си-Ен-Ен Мааџид Наваз, поранешен џихадист и автор на „Радикално: Моето излегување од Исламскиот екстремизам“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека случајот со трите британски тинејџерки ја истакнува потребата за борба против Идил на повеќе фронтови.

– Потребно е секое училиште, секој универзитет, секој колеџ, секоја заедница да ја препознае улогата која треба да ја одиграат. Сите ние имаме улога која треба да ја одиграме во спречување на луѓето нивнте умови да бидат отруени од овој очигледен смртоносен култ“, реч тој.

Владата на САД се обидува да ги зголеми напорите да се бори против пропагандата на Идил, со основање на мала агенција во рамките на Стејт департментот, за да ја направат срж во борбата против пораките на милитантите. „Гледаме како нивните пристапи продолжуваат да еволуираат“, рече Паски за Си-Ен-Ен. „Треба да продолжиме и нашите напори да еволуираат и да се бориме на најстратешки начин и да ги користиме сите ресурси во рамките на агенцијата“.

Но таа признава и дека САД треба уште многу нешта да сторат.

– Навистина треба да забрзаме, рече Псаки. „Имаме нови надлежни луѓе во агенцијата. И ќе видиме што ќе се случува во следните месеци“.

Но во тек се веќе неколку анти-Идил кампањи.

Некои европски држави донесоа закони со кои се казнува членувањето во организации како Идил, вели Берет, експертот за контратероризам.

Додека Ричард Стенгел од американскиот Стејт департмент рече дека стратегијата за анти-Идил кампања веќе спречила многу млади да се приклучат.

– Тие ги читаат нашите пораки, ги слушаат пораките… не само од нас, туку и од стотици исламски свештеници кои рекоа дека е ова изопачување на Исламот, од стотици исламски професори кои го рекоа истото“, рече Стенгел во октомври.

Но Берет вели дека некои службени лица можеби и не прават толку колку што си мислат.

– Законодавците често го занемаруваат влијанието од тоа што се случува во овие затворени кругови, дури и кога си го преценуваат своето влијание.

Би можело да ве интересира

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС