Зимбабве во банкарските трезори има само 138 фунти

Од:

Министерот за финансии Тендаи Бити признал дека во државната каса на Зимбабве има само уште 138 фунти откако државата ги исплатила платите и другите давачки, објавија лондонските медиуми.

Признанието на министерот Бити само ја покажува целосната ерозија на економијата на оваа африкансак земја со која владее Роберт Мугабе.

Зимбабве од 1980 година е независна држава, а Мугабе е прв претседател

Мугабе предизвика гнев кога започна кампања за одземање на имотите на белите фармери за да им ја даде на домашните селани. Со таквата политика, над четири илјади бели фармери останаа без својот имот, но тоа предизвика забрзано економско назадување и појава на недостиг на храна.

Со својата авторитативна политика и суспендирање на демократијата Мугабе ја загуби довербата на странските инвеститори што доведе до парализа на економијата на земјата. Од некогашна просперитетна држава која важеше за хранителка на Африка, Зимбабве се претвори во земја која мора да купува храна и една од најсиромашните на црниот континент.

Три четвртини од населението живее за помалку од 1,5 долари дневница, а преку 50 отсто од луѓето се без работа.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска