Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Од:

Потпретседателот на Зимбабве Кембо Мохади денеска поднесе оставка поради секс скандал, за кој пишувале локалните медиуми.

Мохади изјави дека поднесува оставка со цел „да не го наруши имиџот на Владата“.

Тој се наоѓа на позицијата потпретседател на државата во кабинетот на претседателот Емерсон Мнангагве од 2018 година без своја политичка база и никогаш не се сметал за можен кандидат за шеф на државата.

Мохади направи нешто што ретко го прават официјални лица во Зимбабве, кога изјави дека одлучил да се повлече, но „не како кукавица, туку како некој што изразува голема почит кон претседателот“.

Локалните медиуми изминатите две недели пишуваа дека Мохади одржувал непристојни сексуални односи со жени во брак, меѓу кои била и една од неговите соработнички, но тој ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека тие се дел од политичкиот заговор против него и најавува правна постапка.

Би можело да ве интересира

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска

Од Зимбабве годишно се краде злато вредно 1,5 милијарди долари

Жарко Настоски

Инфлацијата во Зимбабве достигна 840 проценти

А1он

Албански бизнисмен вмешан во коруптивен милионски тендер на Владата во Зимбабве

А1он

Инфлацијата во Зимбабве изнесува речиси 800 отсто на годишно ниво

Ана Ололовска

Претседателот на Зимбабве се закани со затвор на автор на лажна вест

Ана Ололовска