Зимбабве ќе гради Универзитет „Мугабе“ вреден една милијарда долари

Од:

Владата на Зимбабве соопшти дека ќе гради универзитетски комплекс посветен на претседателот на државата Роберт Мугабе.

За неговата изградба се планира да се потрошат една милијарда долари, при што 800 милиони треба да чини изградбата и уредувањето на објектите, а други двеста милиони ќе се издвојат за фондовите за истражување.

Според министерот за образование Џонатан Мојо, комплескот ќе се гради во местото Мазове, 35 километри од главниот град Хараре и ќе го носи името на Мугабе, како знак на почит за „посветеноста на претседателот на образованието и за неговото примерно лидерство“.

Министерот Мојо не откри од каде Зимбабве ќе најде пари за еден толку скап проект, кога државата е на работ од банкрот, економскиот раст е преполовен по 2000 година, а земјата и во африкански рамки се означува како „ендемска зона“ на невработеност и сиромаштија.

Роберт Мугабе (93) владее со Зимбабве 37 години, уште од времето кога некогашна Јужна Родезија во 1980 година стекна независност и го смени името на државата и на главниот град.

Некогашниот деклариран демократ на африканскиот континент, сега е обвинуван за узурпација на демократијата, за корупција и непотизам и за задушување на опозицијата.

Идната година се предвидени нови претседателски избори на кои се најавува дека Мугабе одново ќе се кандидира. Тој ги отфрли сите обиди на неговата партија да се повлече и наместо тоа објави дека ќе остане на функцијата до крајот на својот живот.

Домашната опозиција ги осуди најавите за трошење „пари што земјата ги нема“ тврдејќи дека Универзитеот никогаш нема да се изгради.

– Станува збор за најобичен популизам за да се залажуваат масите. Ние знаеме дека државата е банкротирана, изјавил претставник на опозициското Движење за демократски промени, потсетувајќи дека Зимбабве од поранешна „кошница за леб“ на југот на Африка, се претвори во земја на гладни и сиромашни луѓе.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска