Жртви од вториот ред

Од:

Менокио бил воденичар од XVI век кој живеел во северна Италија. Бил писмен, самоук и неговиот поглед на светот се темелел на неколку, за тоа време, необични технолошки уверувања. Верувал дека душата умира со телото, дека светот настанал од хаос, а не од нихило и дека е поважно да се сака својот близок отколку Господ. Доказите за своите верувања ги наоѓал во книги, кога ги читал Декамерон, Библијата, Куранот и Патувањата на сер Џон Мандевил. Поради тоа неколку пати бил носен пред инквизиција и мачен, а во 1599 година бил запален на клада, еден од многумина со таква судбина.

Западните општества ни денес не се рај за скептицизмот и национализмот. Тоа е шаренолик простор на прокламирана слобода на говорот и негова строга контрола, во кој заедно опстануваат јавни осуди на насилство и тајни тортури. Кога се нападнати, западните општества покажуваат склоност кон квази-историски фантазии за загрозеност на својата со тешка мака стекната морална цврстина и урамнотеженост. А вистинската историја на Европа и Америка е толку одбележана со обиди за контрола на слободата на говорот, што прогонот на бунтовните мисли може да се смета за еден од темелите на тие општества. Спалувањето на вештерки, прогонот на еретици и инквизициите ја формирале Европа, а кога тие идеи се прошириле во Америка, откриени се нивните модалитети – од робовладетелството до цензурата на критичарите на војната во Ирак.

Неодамна терористи во Париз убија 12 луѓе. Жртвите на тој злостор се оплакуваат ширум светот. За нивните семејства и пријатели тоа е огромна загуба. Ги покосија вооружени убијци, само затоа што припаѓале на сатиричното списание Шарли Ебдо. Шарли често се потсмеваше на муслиманите, посебно на исламската забрана за сликовно претставување на пророкот Мухамед. Не остануваше должен ни на политичарите, а ни на христијаните и Евреите. Отецот, синот и светиот дух ги цртале во сексуални пози во тројка. Такви илустрации наведени се како доказ дека Шарли Ебдо сака да ги навреди сите. Последните години списанието се сврте кон расистички и исламофобни провокации. Многу анти-исламски карикатури биле шеговито изопачени – Арапи со кукасти носеви, Курани кои летаат на куршуми, варијации на тема содомија и исмевање на жртвите на масакри.

Не е лесно да се повлече црта меѓу духовната неслога и расистичките агенди. Дури ни Волтер, пример за многу борци за слобода на говорот, не успеа во тоа. Вистинско уживање е да се чита неговата добра и храбра критика на клерикализмот, но тој бил антисемит, чија критика на јудаизмот е полна со теми за вродените изопачени особини на Евреите.

Париските настани треба да се гледаат во контекст на француската мрачна колонијална историја, на нејзиното многубројно муслиманско население и спречувањето на исламските културолошки наследства во име на секуларизмот, како што е на пример забраната за носење на хиџаб. Ни црните луѓе не поминале подобро на страниците на Шарли Ебдо: една од карикатурите го претставува министерот за правда Кристијан Таубиру, кој е со гвајанско потекло, како мајмун (одбраната гласеше дека расистичкиот симбол бил употребен како критика на расизмот); друга е портрет на Обама како црн самбо-борец во стилот на илустрациите од ерата на Џими Кроу.

Дојдов во Париз во четвртокот наутро, ден по масакрот. Насловот во Фигаро гласеше: LA LIBERTÉ ASSASSINÉE. Паризиен и Хуманите исто така во своите наслови го имаа зборот либерте. Слободата навистина претрпе тежок удар, иако реакциите на терористичките удари на западните центри на моќ секогаш во себе содржат и една доза на чудење: зошто се нафрлија на нашето мирољубиво општество, зошто убиваат, кога ние не убиваме. На широко разменуваната илустрација на Лусил Клерк, на која скршен молив се претвора во два остри молива, е типичен пример. Пораката е јасна, како што е јасна и во хаштагот #jesuischarlie: не се работи само за право на луѓето да цртаат што сакаат, туку во светло на убиството, она што го цртаат треба да го слават и да го шират понатаму. Значи, не само што масовно се објавувани и разменувани илустрациите од Шарли Ебдо, туку и самиот весник по нападот доби голема сума на пари, 100.000 фунти од Гардиан Медиа Груп и 300.000 долари од Гугл. Но, можно е да се брани правото на расистичкиот израз и без промовирање или спонзорирање на неговата содржина.

Можно е да се дава право на оцрнување без одобрување на расизмот. И можно е исламофобијата да се смета за аморална без стремеж таа да се стави надвор од законот. Моментите на бол не не ослободуваат од обврската работите да ги согледуваме во нивната сложеност.

Американската унија за граѓански слободи (A.C.L.U) беше во право кога застана во одбрана на правата на неонацистичката група и во 1978 година да маршира на улиците во Скоки во Илиноис. Крајната навредливост на учесниците на маршот, ако нема закани со насилство, не е и не смее да биде незаконска. Но кое разумно лице би се повикало на правата од Првиот амандман во одбрана на нацистичките уверувања?

Карикатуристите на Шарли Ебдо не биле само зајадливци, ниту маченици убиени бидејќи го кренале својот глас во одбрана на правото на навреда – тие застапуваа одреден идеолошки став.

Наместо нападите во Париз да ги разбереме како епицентар на напад на слободата на говорот, тоа го прават многу коментатори, треба да видиме дека слободата на говорот и останатите атрибути на либерте во западните општества веќе биле во длабока криза во моментот на нападот на тројца пореметени убијци.

Америка, на пример, го консолидираше својот традиционален монопол на употреба на крајно насилство, вклучувајќи цензура на сите информации за тоа како го применува. Тие кои ќе се одлучат да го преиспитаат овој монопол сносуваат сурови последици. Едно лице кое е затворено поради гнасната програма за тортурата на ЦИА Џон Киријаку, човек кој на јавноста откри детали од таа програма. Едвард Сноуден го прогонуваат поради откривање на информации за масовната контрола. Челзи Менинг издржува 35 годишна казна затвор поради својата улога во аферата Викиликс. И тие се богохулници, но за разлика од карикатуристите на Шарли Ебдо, не доживеаја општо признание.

Убиствата во Париз се ужасна навреда за човечкиот живот и достоинство. Долго нема да се опоравиме од грозотата на тие настани. Сепак, претставата дека бруталното насилство на самопрокламираните џихадисти е единствена закана на западните општества ги запоставува другите, честно директни опасности. Америка, Велика Британија и Франција различно се однесуваат кон својата државотворност, но ги поврзува единствена визија за светот, а посебно очекувањата сите да го почитуваат нивниот секуларен концепт. Ересот вперен против државата се следи и се казнува. Во Велика Британија луѓето се апсат поради тоа што на социјалните мрежи оставаат коментар против војската и полицијата. Масовната контрола во Америка има несогледливи негативни последици по новинарството и судството. Во меѓувреме, вооружените сили и безбедносните агенции на тие земји, бараат и главно добиваат поддршка од своите граѓани. Кога тие држави прават воени злосторства или тортура, колку и да е тоа незаконски или неморално, речиси секогаш нема повикување на одговорност или судско гонење на одговорните.

Големината, силата и начинот на кој последните денови се изразува солидарност со жртвите во париските убиства, иако охрабрувачки, покажуваат леснотија со која западните општества радикалниот исламизам го сметаат како свој единствен непријател. Тој процес е дел од консензусот за жртвите од првиот ред, кој често ни пречи да обрнеме внимание на останатите случаи на ужасни масакри кои се случуваат во светот: киднапирањата и убиствата во Мексико, убиството на стотици деца и на десетици новинари во Газа, крвавите масакри во Централноафриканската Република и така натаму.

Дури и кога со право ќе ги осудиме криминалците кои тврдеа дека делуваат во име на исламот, незначителен дел од нашата болка оди на безбројните муслимански жртви настрадани од истиот тој радикален ислам, било да се работи за Јемен или Нигерија, каде изминатите недели се направени незапамтени масакри, или за Саудиска Арабија каде покрај честото кршење на човековите права, еден новинар е казнет со камшикување, поради навредување на исламот. Не можеме да го следиме секој злостор во секој агол од светот, но можеме да размислиме за тоа како и зошто преовладува ставот дека некоја насилна смрт е позначајна и повредна за жалење од другите.

Франција е во жалост и ќе остане многу недели. И ние жалиме со неа. Но вистина е и дека нашето насилство продолжува со ненамалено темпо. Како што стојат работите, за месец дена многу Пакистанци стасани за војска, ќе страдаат од напади на дронови. Ако нешто сме научиле од овие напади, тоа е дека многу од тие луѓе се недолжни. Нивната смрт ќе се смета за природна, исто како и Менокиевата смрт на клада во времето на инквизицијата. Поради тие убиства ние новинарите нема да имаме чувство дека моливите ни се скршени. Масакрот во Париз е неоспорен, но раздвојувањето на жртви од прв и втор ред ја подрушува нашата заедничка Либерте.

Њујоркер – Њујорк

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ