Жителите на Луксембург денеска на референдум треба да одговорат на три прашања: дали да им се дадат избирачки права на странците, дали да се намали возраста за гласање на 16 години и дали мандатите на министрите да се ограничат на 10 календарски години, соопшти ДПА.
Доколку одговорот на овие прашања е „да“, Големото кнежество ќе
стане првата земја од ЕУ која на странците им го дава правото да
учествуваат на националните избори.
Околу 45 отсто од луѓето кои живеат во Луксембург се со странско потекло. Референдумот треба да реши дали да можат да гласаат, откако во земјата минале 10 години.
-Не би сакал дефицити во демократијата, изјави премиерот Ксавие Бетел. „Сметам дека ќе биде добре доколку успееме да им дадеме
пример на другите земји“.
На референдумот можат да учествуваат околу 245.000 лица.
Луксембург е една од најмалите држави во ЕУ. Само Малта има
помалку население.