„Жешко Лето“ во Австралија со 205 поставени нови рекорди

Од:

ДПА – Хамбург

Летото во Австралија трае од декември до февруари, а годинава земјата преживува рекордни екстремни климатски случувања поради климатските промени, потврдија научниците.

Источна Австралија преживува екстремно суви денови и интензивни топли бранови со голем број на шумски пожари, додека во централниот и западниот дел од земјата врнат силни дождови, кои предизвикуваат поплави, оцени во извештај Климатскиот совет, независна истражувачка организација.

– Климатските промени – предизвикани главно од согорувањето на јаглен, нафта и гас – драстично го зголемуваат интензитетот на екстремните климатски случувања, наведува Климатскиот совет во својот извештај.

Научникот за клима, Вил Стефен, еден од авторите на извештајот, вели дека она што Австралија го доживува е „без преседан“ и дека стапката со која се поставија нови рекроди е „алармантна“.

Повеќе од 205 рекорди биле надминати во само 90 дена од „жешкото лето“, стои во извештајот.

Сиднеј, најголемиот град во Австралија, го преживува најжешкото лето досега зсбележано, со околу 2,8 степени Цекзиусови над просечната температура за овој период од годината, стои во извештајот.

На 11 февруари, просечната температура во Нов Јужен Велс била 44 степени Целизусови, оносно тоа било најтоплиот ден кога било забележан во оваа држава.

Рударското гратче Морее цели 54 дена по ред „се вари“ на температура од над 35 степени Целзиусови, што е уште еден нов рекорд.

– Во Камбера од каде потекнувам, 23 дена температурата беше над 30 степени, а 18 од тие денови беше над 35 степени. Ова е рекордно и неочекувано, рече Стефен во иизјава за ДПА.

Аделаида дента на Божиќ имаше 41,3 степени Целзиусови, што беше најтоплиот ден во изминатите 70 години, стои во извештајот, додека Перт забележа рекордни врнежи од летен дожд од 192,8 милиметри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он