Женева поднесе тужба против француската нуклеарка во Буге

Од:

Швајцарскиот кантон Женева поднесе тужба против француската нуклеарна централа во Буге поради „ставање во опасност на други лица и загадување на водата“, јави дописникот на МИА од Париз.

Женева во процесот ја застапува француската адвокатка Корин Лепаж, која е позната како борец за заштита на природата и животната средина.

Каноналните власти на Женва засега не соопштуваат детали за тужбата, која е поднесена во Париз, но најавија прес-конференција за случајот за в понеделник, на која ќе присуствува и Лепаж.

Нуклеарната централа во Буге се наоѓа на само на 70 километри од Женева. Во март 2015 година, властите на Женева најавија дека ќе реагираат против работата на нуклеарката, која е во употреба од 1970 година и се смета за застарена.

Уште во 90-те години на минатиот век, Женвеа водеше кампања против нукеларната централа во Креј-Малви, која прекина со работа во 1998 година.

Деновиве, француските власти проценија дека животниот век на нуклеарните централи во Франција може да биде продолжен за 10 години.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски